
Со свечен настан, во присуство на голем број членови и дипломатски кор, Левица го одбележа 10-годишен јубилеј од формирањето на партијата. На настанот, свечено обраќање имаше претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, осврнувајќи се на почетоците, растот, предизвиците и понатамошната визија на единственото автентично левичарско движење во регионот и пошироко.
Во своето обраќање Апасиев потсети дека корените на партијата лежат во левичарското движењето за социјална правда – Ленка, студентскиот и синдикален активизам, како и во антиимперијалистичките заложби. Од движење за социјална правда Левица денес е парламентарна партија и втора политичка партија во главниот град на Република Македонија.
„Со години ни велеа да молчиме, да трпиме и да веруваме дека нема избор. Но избор секогаш има, прашањето е дали имаме храброст да го направиме. Десет години откако Левица застана таму каде што другите молчеа. Десет години глас за работникот, за обесправениот, за оние што системот ги заборави. Ова се десет години во кои идејата не се продаде, а борбата не се откажа. Со овој настан, славиме минато полно со отпор, но уште повеќе – иднина што доаѓа!” , се вели во соопштението од Левица.

