
Десет возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден (28.02.2026) во засилени контроли што ги спровеле полициски службеници на целата територија на државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од вкупниот број, пет лица биле приведени поради управување возило под дејство на алкохол. Тие биле затекнати на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје.
Дополнително, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Прекршоците биле евидентирани на територијата на Тетово, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.
Едно лице било лишено од слобода во Скопје поради управување моторно возило и покрај изречена активна забрана за управување возило од Б категорија.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


