Skip to main content
Свет

ЦИА помогнала во прецизното лоцирање на Хамнеи

01/03/2026  11:32

Повикувајќи се на неколку неименувани лица за кои се вели дека се запознаени со операцијата, Aмериканскиот весник ,,Њујорк Тајмс” објави дека американската централна надворешна разузнавачка агенција го следела Хамнеи со месеци, стекнувајќи сознанија за неговото движење и навики.

ЦИА дознала дека во вчера наутро требало да се одржи состанок на високи ирански функционери во станбен комплекс во центарот на Техеран и оти Хамнеи ќе биде присутен таму.

Како последица на тоа, САД и Израел го приспособиле времето на нивните напади врз Иран. Првично, планот бил нападот да се изврши во текот на ноќта, според извештајот на весникот.