Skip to main content
Македонија

Сиљановска го свика Советот за безбедност

01/03/2026  10:26

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за денес, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата „Водно“.

На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава во контекст на најновите случувања на Блискиот Исток. Очекувањата се дека на состанокот ќе се разгледаат актуелните безбедносни ризици и можните импликации врз регионалната стабилност, како и мерките што надлежните институции можат да ги преземат во насока на заштита на безбедноста и стабилноста на државата.

По седницата се очекуваат дополнителни информации за заклучоците и евентуалните препораки.