
Иранските власти ја потврдија смртта на врховниот верски лидер Али Хамнеи. Владата прогласи 40 – дена жалост. Во официјалното соопштение се вели дека Хамнеи загинал во американско-израелските терористички напади.
Ајатолахот го предводеше Иран повеќе од 37 години. Властите го опишуваат како симбол на отпор и храброст. Сметаат дека неговото владеење има оставено длабока трага врз нацијата. Во земјата ќе бидат одржани комеморации, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.
Иран се закани дека на овој злостор ќе има последици.
Како реакција на американско-израелските напади, иранските вооружени сили веќе започнаа масовни ракетни удари и напади со дронови врз цели во Израел и американски бази во регионот на Блискиот Исток.

