
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса од југ викендов времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро во дел од котлините особено оние котлини во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Во Скопје и околината викендов времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Наутро во дел од котлината ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро и понатаму ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени и на повеќето места во Македонија ќе има појава на слаб мраз. Преку денот пак температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 0 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 16 степени.

