Skip to main content
Забава

Прсти да излижеш: Бурек од готови кори како од пекара

26/11/2024  13:25

Нема човек што не сака бурек. Најчесто го јадеме за појадок, но добро доаѓа и по вечерното излегување.

Денеска ви откриваме одличен рецепт за домашно подготвување на бурек со готови кори, за кој нема да се намачите да го маправите, а откако еднаш ќе го пробате, никогаш повеќе нема да купите бурек од продавница.

Потребно: 1 пакување готови кори, 180 мл масло, 1 лажичка сол, 1 лажичка прашок за печиво 1 лажица брашно.

За филот: 300 гр фета сирење и 100 грама кисела павлака.

Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степенк. Намастете го тавчето, а остатокот од маслото, 100 мл вода, солта, прашокот за печиво и една лажица брашно измешајте ги убаво и оставете ги на страна. Фетата изронете ја и измешајте ја со павлаката. Оставете настрана. Во тркалезното тавче ставете две кори, краевите да бидат надвор од тавчето. Попрскајте со приготвената течност, ставете уште три кори, но да не штрчат надвор, изгужвајте и попрскајте со течност. Распоредете половина од филот со сирење и павлака, повторете ја постапката со корите, попрскајте, распоредете го остатокот од филот, додадете три кори и попрскајте. Преклопете ги првите две кори чии краеви беа надвор од тавчето навнатре и попрскајте со течност. Бурекот печете го во загреана рерна додека убаво да порумени. Добар апетит!