Skip to main content
Македонија

Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност од одрони

27/02/2026  19:24

Од вчера (26 февруари) стапува во сила целосна забрана за движење по планинарската и пешачката патека кон кањонот Матка. Причината е високиот ризик и сериозната опасност од уривање на карпи и одрони кои можат да ги загрозат животите на посетителите.

Официјална одлука на институциите Забраната не е само препорака, туку официјална безбедносна мерка донесена од надлежните органи за заштита на граѓаните:, објави 4news.mk

Одлуката е донесена од страна на Општина Сарај на 19 февруари 2026 година.

Мерката се базира врз основа на стручен акт издаден од Дирекцијата за заштита и спасување (под број 57-2071-1).

„Забраната стапува во сила од денеска и ќе трае сè до престанок на опасноста на теренот“, се децидни надлежните.

Апел до посетителите
Се упатува строг апел до сите љубители на природата да не го ризикуваат сопствениот живот и животот на спасувачките екипи.

Сите рекреативци, планинари и туристи строго се молат да ја имаат на ум оваа забрана и целосно да го избегнуваат движењето во овој дел од Матка додека не се објави дека патеката е повторно безбедна за користење.