Skip to main content
Македонија

Усвоени дел од забелешките за Законот за високо образование

27/02/2026  19:00

Министерството за образование прифати низа забелешки за новиот Закон за образование. Усвоено е намалување на бројот трудови во научни списанија пред одбрана на магистерки и докторски труд.

За останатите барања кои се дискутабилни, работната група повторно ќе се состане и ќе одлучи што со нив. Министерката Јаневска истакна дека новиот закон за високо образование нема да биде повлечен.