Skip to main content
Македонија

 Бегај: „Коридорот 8 вистински пример за спојување на економијата и безбедноста“

27/02/2026  16:59

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Собранието истакна дека му е чест што е во посета на земја која со неговата држава има одлична соработка.

-Нашите односи имаат влијание и во регионот, тие остануваат важен столб на стабилноста, регионалната соработка и нашата евроатланска ориентацијата. За Албанија, Северна Македонија е главен фактор во чувањето на мирот, безбедноста и меѓуетничката кохезија-вели Бегај.

Во својот говор, Бегај опфати неколку клучни точки. Меѓутоа, голем дел од своето време го посвети на изградбата на Коридорот 8, кој според него е прокет од големо значење, не само за Албанија и Македонија, туку и за поширокиот регион.

„Коридорот 8 е најдобриот пример како се спојува безбедноста и економијата. Се намалува времето на патување, се намалуваат трошоците, и се зголемува конкуренцијата за бизнисот. Тоа трговска артерија, а за граѓаните е можност за вработување. За регионот претставува порака за безбедност, затоа што соработката е подобра од изолацијата“, изјави Бегај.

Бегај од собраниската говорница повика на уште поголема соработка помеѓу двете земји, унапредување на меѓуетничките односи, економската соработка, соработката на патот кон ЕУ. Порача дека светот се менува, а посака Македонија и Албанија заедно, како партнери да го поминат патот на промените.