
Најголемиот носач на авиони во светот, американскиот „УСС Џералд Р. Форд“, треба да пристигне денеска на северниот брег на Израел откога вчера го напушти грчкиот остров Крит.
Бродот застана во американската поморска база за снабдување, објави „Тајмс оф Израел“.
Американската морнарица ги негира медиумските извештаи за наводна криза во водните системи на бродот.
Официјални претставници наведуваат дека системите работат во рамките на очекуваните параметри и покрај повремените блокади, кои бргу ги надмина обучен персонал.
„На брод со оваа големина, со повеќе од 4.000 члена на екипажот, повремено се случуваат блокади, но тие бргу се решаваат и не влијаат на оперативната подготвеност на бродот“, изјави капетанот и командант на носачот, Дејвид Скарози.


