Skip to main content
Македонија

СДСМ: Мицкоски, ad hominem – граѓаните не се „прокси ботови“, професоре! 

26/02/2026  21:17

Премиерот Мицкоски во гостувањето нa Сител телевизија уште еднаш покажа дека кога нема аргументи, прибегнува кон навреди и етикетирање.

Граѓаните кои мислат поинаку од него, оние што го критикуваат неговото владеење, ги нарекува „прокси ботови”, откако претходно ги нарекуваше „талог на општеството”.

Ова не е начин на кој се води држава. Ова е стил на некој што се плаши од вистината и од одговорноста.

Граѓаните знаат, гледаат, не се слепи ниту глуви.

Фазоните од типот „Дубаи, Харис Џиновиќ” повеќе не поминуваат.

Центар за комуникации СДСМ