Skip to main content
Македонија

Затворена обиколницата на Битола поради свлечиште

26/02/2026  19:37

Поради свлечиште затворена за сообраќај од 18.30 часот е обиколницата околу Битола, информира ЈП „Македонијапат“.

-Сообраќајот ќе се праносочува преку градот Битола, екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на свлечиштето и на нормализирање на сообраќајот, соопшти јавното претпријатие.