Skip to main content
Хроника

Камион прегази крава на патот Крива Паланка – Куманово

26/02/2026  17:36

59 годишен бугарски државјанин удрил во крава која се движеча на патот Крива Паланка – Куманово. Во ОВР Крива Паланка вчера во 18:00 часот било пријавено дека во атарот на село Жидилово, товарно моторно возило удрило во домашно животно.

Според информациите од полицијата, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С. (59) од Бугарија, удрило во крава која се движела на патот. Од ударот животното починало на местото на настанот.

По несреќата, возачот го напуштил местото со возилото, но по преземени полициски мерки бил пронајден. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а се работи на целосно расчистување на случајот.