
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса од југ) до недела 1 март 2026 во Македонија времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност а ветерот од северен и од северозападен правец значително ќе ја намали својата брзина и својот интензитет.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата што значи утрата ќе бидат релативно ладни и со појава на слаб мраз а преку ден ќе биде пролетно топло со температури кои ќе бидат над просекот за крајот на месец февруари и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -1 и 3 степени а преку ден таа ќе се искачи до околу 14/15 степени.
Се на се, пред нас и понатаму е стабилно, суво и сончево пролетно време со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, па затоа ваквото време искористете го за уживање и за прошетка во природа.


