Skip to main content
Балкан

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари

26/11/2024  12:19

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, во голема полициска акција против криминални групи албанската полиција уапси високи полициски службеници, поранешни судии, адвокат, како и двајца новинари. Акцијата била спроведена во соработка со Европол и други албански и европски агенции за спроведување на законот, а бидејќи истата е во тек, од СПАК не даваат подетални информации.

За 18 од приведените лица, вклучувајќи ги и поранешните судии во Елбасан, Пајтиме Фетаху и Зихни Шаху, кој бил и претседател на судот во овој град, како и високи функционери на државната полиција, меѓу кои и началник на Полициски комесаријат во Тирана, определен им е затворски притвор, мерка домашен притвор му е изречена на адвокат, додека обврска за јавување на новинарите Артан Хоџа и Елтон Ќино. При излегувањето од судот новинарите само кусо изјавиле дека бил извршен претрес во нивните домови, биле на распит неколку часа и оти им се одземени и телефоните.