Дибала објасни зошто го прослави голот на Рома против Јувентус за кој настапуваше седум години

 Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, им се обрати на навивачите на Јувентус кои го критикуваа Аргентинецот за славењето на триумфот над неговиот поранешен тим во 25. коло од италијанската фудбалска Серија А.

– Знам дека ви е тешко, но денес играм за друг тим и со различни партнери, кои морам да ги почитувам! Победата никогаш не е лесна, тоа ни беше важно. Ја прославив победата со другарите. На сите ви испраќам голема прегратка и ве сакам, стои во обраќањето на Дибала, кон навивачите на „Старата Дама“.

Дваесет и деветгодишниот напаѓач минатото лето се пресели во Рома. Претходно седум сезони играше за Јувентус.

Дибала оваа сезона одигра 18 натпревари во Серија А, постигнувајќи осум гола и седум асистенции. 

Треба да знаете
Последни објави