Skip to main content
Македонија

Ново судење за „Пулс“ – исказ ќе дадат пет сведоци

25/02/2026  08:30

Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

За денешното рочиште најавено е сослушување на уште петмина сведоци предложени од страна на Обвинителството.

На претходното рочиште сведочеа неколку лица кои кобната вечер биле присутни во дискотеката. Тие зборуваа за паниката и хаосот што настанале кога огнот и густиот чад ја зафатиле преполната сала, како и за траумите и последиците со кои се соочуваат и денес

Во воведното излагање на почетокот од процесот, обвинителот Борче Јанев нагласи дека постапката има цел да утврди лична и институционална одговорност, посочувајќи дека општеството мора да добие одговор на прашањата кој дозволил, кој премолчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“. Тој истакна дека се бара правда како резултат на прекршување на законите и занемарување на должностите, а не одмазда.