
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва во 20:06 часот е регистриран на територијата на соседна Албанија.
Според достапните информации, епицентарот бил лоциран на околу 7 километри северозападно од градот Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан, на длабочина од 13 километри, објави 4news.mk.
Потресот бил почувствуван и во западните делови на Македонија, особено во Дебар, Струга и Охрид, каде граѓаните пријавиле краткотрајно тресење.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.


