
Британската Влада воведе нов голем пакет санкции кон Русија. Санкциите се насочени кон енергетскиот и воениот сектор на Русија, со што се опфатени 300 организации, бродови и физички лица.
Санкции се воведени и кон компанијата „Транснефт“ преку која се извезува над 80 проценти од руската нафта.
Велика Британија наведе дека санкциите имаат за цел да го оневозможат финансирањето и вооружувањето на руската армија.

