Skip to main content
Хроника

Тројца малолетници повредени, од кои еден потешко, со автомобил се забиле во бетонски столб

24/02/2026  14:34

На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб.

Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во  Градска општа болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.