
Скопје-Велес се вози по една лента.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат внимателни на оваа делница.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека случајот е пријавен во ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, како и во оперативниот центар на МВР.
