Skip to main content
Спорт

Голема тепачка меѓу навивачите на Вележ и Зрињски

21/10/2024  12:27

Во неделата вечерта во Мостар на шпанскиот плоштад дошло до голема тепачка меѓу навивачи на градските ривали Вележ и Зрињски. Медиумите од Босна и Херцеговина пишуваат дека има повеќе повредени.

Според медиумите, во тепачката меѓу припадниците на „Ред Арми“, навивачи на Вележ и „Ултрас“, навивачи на Зрињски, повредени се неколку десетици, а во тепачката наводно учествувале околу 300 лица. Биле користени запалени факели, а хаосот настанал по пристигнувањето на групата „Ред Арми“ на шпанскиот плоштад.

Биле испукани голем број топовски уари, а во тепачката биле користени шипки и бејзбол палки.

Полицијата интервенирала многу брзо, но не успеала да спречи десетици луѓе кои учествувале во тепачката да бидат повредени.