Skip to main content
Свет

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради напад со дронови

22/02/2026  15:10

Ограничувања за летови се воведени од безбедносни причини на четири московски аеродроми, објави денеска рускиот регулатор за воздухопловство „Росавијација“, по нападот со беспилотни летала врз руската престолнина.

– На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите, се вели во соопштението на „Росавијација“.

Во меѓувреме, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека силите за воздушна одбрана на руското Министерство за одбрана собориле вкупно десет беспилотни летала што летале кон руската престолнина.