Skip to main content
Македонија

СДСМ: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?

22/02/2026  12:08

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ.

Еве фотографија од тој настан.

Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево.

Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?

На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија” била окупирана.

Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму.

Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ.

Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат.

Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него.

Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје.

Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела.

Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат.

Сега прашањето е како покрај толку угледни визнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул?

Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него?

Овој скандал отвора сериозен сомнеж.

Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори:

Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала  Адамовиќ за почесен конзул на Македонија?

Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?