
Утрешниот ден се одбележува како Прочка, еден од најзначајните празници во обредниот календар на православните христијани, веднаш по Божик и Велигден.
Според традицијата, помладите членови на семејството бараат прошка од постарите со зборовите: „Прости ми ако нешто сум ти згрешил“. На тоа, постарите одговараат: „Простено ти е и од мене и од Бога“.
Празникот потсетува на важноста на меѓусебното опростување и хармонијата во семејството.


