Убедливи победи за Силекс и за Македонија ЃП

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа три натпревари со кои се комплетираше 21.коло. Убедливи победи со по три голови разлика забележаа Силекс и Македонија ЃП.

Резултати: Брегалница – Шкендија 0:0, Победа – Силекс 1:4, Македонија ЃП – Тиквеш 3:0.

Вчера се одиграа два натпревари: Шкупи – Академија Пандев 3:3, Работнички – Скопје 4:0.

Слободна во ова коло беше екипата на Струга ТЛ.

Табела: Струга 39 бода, Шкупи 38, Шкендија 32, Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Работнички 24, Академија Пандев 16, Победа 13, Скопје 13. 

Треба да знаете
Последни објави