Skip to main content
Балкан

Нов протест во Сараево

21/02/2026  15:06

Повторно се одржува протест во Сараево. Трамвајската несреќа повторно беше причина жителите да излезат на улиците каде загина еден млад човек а четири лица беа повредени.

Протестот започна пред Националниот музеј, па маршот продолжи кон центарот на градот.

Главниот пат бил блокиран, додека граѓаните извикуваале „Правда“, носејќи транспаренти со натписи „Младост убиена од системот“, „Вашето молчење е најјасна оставка за нас“, „Доста со небрежност, животот не вреди пари“, пренесува Klix.ba.

Граѓаните бараат итно санирање на безбедносните ризици, назначување на професионални менаџери на сите слободни работни места во надлежните институции, воведување јасни критериуми за распределба на социјална помош на оние на кои им е потребна, преглед на буџетот според приоритетите со цел да се обезбеди дел од средствата за возниот парк и одржување, како и објавување на план со сите имиња на одговорните и со конкретни мерки и дефинирани рокови за решавање на проблемот.

На протестите, меѓу другите, повикаа Синдикатот на Универзитетот во Сараево, како и Студентскиот парламент на Универзитетот во Сараево и Синдикатот за основно и средно образование.

Еден ден претходно, Обвинителството на Сараевскиот кантон потврди за Радио Слободна Европа дека нема снимки од трамвајот што излетал од шините.

„Форензичката обработка на хард дискот отстранет од кабината на возачот утврди дека снимениот материјал не бил таму од 29 ноември 2025 година. Обвинителството, меѓу другото, утврдува зошто системот за видео надзор не функционирал“, изјави Кантоналното обвинителство