Антиќ го продава шампионскиот дрес на Фенер за да им помогне на настраданите во Турција 

Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) и поранешен кошаркар, Перо Антиќ се приклучи во хуманитарната акција за погодените луѓе од силниот земјотрес кој ја стресе Турција.

Антиќ во текот на кариерата играше за многу тимови, меѓу кои беше и Фенербахче со кој стана европски шампион, па сега првиот човек на КФМ реши да го стави дресот од финалето против Олимпијакос на аукција.

Заработените пари од продажбата на дресот од дуелот меѓу Фенербахче и Олимпијакос ќе бидат донирани за помош на настраданите жители во погодениот регион.

Треба да знаете
Последни објави