Skip to main content
Македонија

Коњановски: Нови пешачки патеки за поголема безбедност во Битола

18/02/2026  16:55

Поставени се физички пречки столпчиња со цел да се означи пешачка патека од двете страни на улицата ,,Св. Кирил и Методиј” која води од кај градска библиотека кон зградата на поранешната општина во Битола. Новитетите ги постави општина Битола во соработка со ЈП ,,Паркинзи”.

Со новите мерки, паркирањето на автомобили што го попречуваа движењето на пешаците е забрането, а улицата е организирана како еднонасочна. Вертикалната и хоризонталната сигнализација дополнително го обезбедуваат непреченото движење на граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека со ова се зголемува безбедноста на пешаците и се подобрува урбаната мобилност во централното подрачје на Битола.