
Соопштение за јавност – реакција на СДСМ на изјавата на Мицкоски
Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија.
Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели.
Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано”?
Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни.
Често народот вели дека и парите може да бидат лековити.
Хумано не е исто што и хуманитарно.
Би било хумано да се зголемат платите на работниците на 600 евра. Затоа што луѓето едвај врзвуваат крај со крај, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.
А ако се плаши да лета со владиниот авион, како што вели, постојат и комерцијални летови. Е сега не мора со бизнис класа како што е навикнат и со карти од 4.000 евра, може да патува и со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Тука „бизнис” главно прави тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Сега кога Мицкоски призна дека го водел семејството на море на трошок на граѓаните, нека каже и кај кого беше на Јадранско море! За на граѓаните да им биде сè јасно.
Овие жалопојки на Мицкоски тешко се слушаат. Морало кај Орбан, читај Груевски, морало кај сестринската партија по copy-paste инструкции за кампања.
Дури толку ги применува инструкциите што почна да вметнува латински изрази како Вучиќ во своите изјави. Човек не знае дали го слуша Вучиќ или Мицкоски.
Шкодата не му одговара, да, знаеме – подобар е мерцедес. Сигурни сме дека Груевски може и модел да му каже кој е најдобар.
Срцепарателните приказни го понесоа дотаму што кажа дека ако загине, СДСМ ќе биде виновен.
Почнува да звучи како неговата сестринска партија со која негуваат односи – таму секоја недела најавуваат дека нешто ќе му се случи на Вучиќ.
Вистинска филмска сцена, солзите се тука. Само нема одговор за 5-те тони дрога преку граница и зошто не се укине луксузот на власта па работниците да добијат плати какви што заслужуваат.

