Skip to main content
Свет

Во близина на Капитол уапсено вооружено момче

18/02/2026  08:59

Во Вашингтон вчера е уапсено 18-годишно момче кое со наполнета сачмарка трчало кон зградата Капитол.

Полицијата соопшти дека момчето носело тактички елек и ракавици. Тој го спуштил оружјето на наредба на полицијата.

Инцидентот се случил помалку од три месеци откако еден војник на Националната гарда беше убиен, а друг ранет во заседа во близина на Белата куќа.