
Сојузот на синдикати на Македонија денеска од пред блокадата пред Владата најави дека ако до крајот на февруари нема решение за минималната плата, во првата половина на март ќе следува генерален штрајк и „голем работнички протест“, за кој ќе биде организиран и превоз од други градови.
„Ако одлучат, на седница на Влада, да ја зголемат минималната плата на 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари, нема да ме гледаат повеќе на телевизија, нема да ме гледаат на социјалните медиуми. Се дотогаш продолжуваме онаму каде што стоиме сега, на улица, изјави Трендафилов. Посетуваме минималната плата минатата година ја утврди министерот за економија и труд, без согласност на Економско социјалниот совет, спротивно на законот. Се надеваме дека оваа година нема да ја повторат таа пракса, и затоа сме тука.Ако биде така во март генерален штрајк, токму за да ги потсетиме дека ние сме тука, на улица“ порача од блокадите претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Трендафилов додаде дека барањата за зголемување на платите се реални и дека во Буџетот има пари само што се лошо распоредени и дека како синдикат не треба да отстапат од барањата.
Ова е трета блокада во три недели од страна на ССМ, а на нивните барања, Владата до овој момент се иззема од одговорност префрлајќи ја топката на директниот дијалиг помеѓу синдикатите и работодавците.


