Skip to main content
Хроника

Ужас во Скопје, прегазено четиригодишно дете

17/02/2026  12:48

На 16.02.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов” во Скопје, патничко возило „фолксваген туран” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, информираат од МВР.