Skip to main content
Економија

СДСМ: Нема пари за 600 евра плата, има за луксузирање на Мицкоски со владин авион

17/02/2026  11:10

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира со владин авион врз грбот на народот, посочи Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Таа потсети дека Мицкоски, исто како Груевски, кој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен „мерцедес”, има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.

– Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација,  Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот. Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај можат да си ги прехранат семејствата и да им одговори: ‘Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион? Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари?, посочи Кузеска.