Skip to main content
Хроника

Две државјанки на Грција приведени во Скопје за кражба во трговски центар во Аеродром

16/02/2026  14:56


Вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете државјанки на Република Грција, поради сомнение за извршена кражба.

Според информациите од полицијата, тие се сомничат дека на 14 февруари 2026 година во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром одзеле повеќе козметички производи.

По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.