Skip to main content
Спорт

ЗОИ 2026: Британците Стокер и Вестон освоија злато во мешани парови скелетон на Олимписките игри во 2026 година

15/02/2026  21:32

Табита Стокер и Мет Вестон од Велика Британија се победници во скелетон мешани тимови на Олимписките игри 2026 во Италија.

Британците до златото стигнаа со вкупно време од 1 минута 59,36 секунди, поставувајќи рекорд на патеката во лизгачкиот центар „Кортина“ во Кортина д’Ампецо.

Германските претставници Сузане Крехер и Аксел Јунг завршија втори со време од 1 минута 59,53 секунди.

И бронзениот медал е за Германија, а го освоија Жаклин Фајфер и Кристофер Гротгер (1 минута 59,54 секунди).

Пласман на првите десет:

1. Табита Стокер / Мет Вестон (Велика Британија) — 1:59.36 (1:00.77 + 58.59)

2. Сузане Крехер / Аксел Јунг (Германија) — 1:59.53 (1:00.59 + 58.94)

3. Жаклин Фајфер / Кристофер Гротгер (Германија) — 1:59.54 (1:00.53 + 59.01)

4. Фреја Тарбит / Маркус Вајат (Велика Британија) — 1:59.65 (1:00.47 + 59.18)

5. Жао Дан / Чен Венхао (Кина) — 1:59.93 (1:00.77 + 59.16)

6. Алесандра Фумагали / Амедео Багнис (Италија) — 2:00.04 (1:01.06 + 58.98)

7. Мистик Ро / Остин Флоријан (САД) — 2:00.39 (1:01.08 + 59.31)

8. Лианг Јуксин / Лин Чинг Веј (Кина) — 2:00.66 (1:01.27 + 59.39)

9. Јанина Флок / Самуел Мајер (Австрија) — 2:01.01 (1:01.66 + 59.35)

10. Кели Кертис / Даниел Барфут (САД) — 2:01.43 (1:01.30 + 1:00.13).