Skip to main content
Хроника

Скопјанец повредил малолетна девојка со која живеел во вонбрачна заедница

15/02/2026  15:00

31 – годишен маж од Скопје е осномничен за кривичните дела ,,телесна повреда” и ,,вонбрачен живот со дете”. ОВР Струга поднесе кривична пријава против него.

– Тој, на 14 февруари 2026 година, околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.