Skip to main content
Балкан, Македонија

Стоилковиќ упати искрени честитки до граѓаните на Србија за денот на државноста

15/02/2026  11:41

 Денот на државноста на Република Србија, потпретседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, упати искрени честитки до граѓаните на Р Србија, со желби за натамошен континуиран стопански и општествен развој, стабилност и просперитет на државата.

„Убеден сум дека односите меѓу нашите две земји се темелат на традиција на искрено пријателство, културна и духовна блискост, кои низ годините се продлабочуваат и отвораат простор за уште поголема, заемно корисна соработка во сите сфери од заеднички интерес.

Ние Србите во Македонија со посебна почит го чествуваме овој значаен празник, уверени дека и во наредниот период ќе продолжиме со дополнително јакнење на односите и братската соработка меѓу двете земји. Останувам посветен на активно учество во политиките што придонесуваат за понатамошен развој и унапредување на македонско-српските односи, во духот на меѓусебно разбирање, почит и партнерство. 

Во време на предизвици и нови глобални околности, убеден сум дека само преку заемна поддршка, стабилност и искрено пријателство можеме да градиме сигурна и просперитетна иднина за нашите граѓани и генерациите што доаѓаат. Нека е честит Денот на државноста”, истакна потпретседателот и министер Стоилковиќ.