Skip to main content
Македонија

СДСМ: 40 милиони евра помалку за земјоделците, за да има повеќе за криминални тендери 

15/02/2026  09:04

Владата на Мицкоски директно им одзеде 40 милиони евра на земјоделците. Субвенциите ги намали од 140 на 100 милиони евра. 

Власта удри врз маката, трудот и егзистенцијата на илјадници земјоделски семејства кои произведуваат храна и ја одржуваат домашната економија.

Додека земјоделците се борат со зголемени трошоци, скапа нафта, ѓубрива и механизација, владата крати таму каде што најмногу боли – кај луѓето што работат и создаваат од македонската земја и сонце.

Зошто?

Да има повеќе пари за милионски тендери за фирмите блиски до власта, за однапред договорени јавни набавки преку кои се испумпуваат парите на граѓаните. 

40 милиони евра помалку за земјоделците – тоа се 40 милиони евра повеќе за криминални тендери за тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

Дури и европските пари ги украдоа, поради што ИПАРД програмата беше суспендирана.

За оваа криминална власт приоритет не се луѓето, не се земјоделците, не се работниците, туку тендерите.

Центар за комуникации, СДСМ