Skip to main content
Македонија

За 24 часа наврнаа 48 литри дожд во Македонија

15/02/2026  08:30

Македонија во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово беше под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив. Токму овој циклонски систем услови насекаде кај нас да имаме врнежи од дожд кои најобилни беа во западните  и во северозападните предели.

На планините во западните  и во северозападните предели од Македонија со надморска височина од над 1400/1500 метри имаше врнежи од снег, а повремено дуваше и засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Според табелата која ја објави УХМР  најмногу воден талог наврнал во западна  и во северозападна Македонија , па така во Пожаране до 7 часот утрово наврнаа 48 литри на метар квадратен дожд, а од градовите најмногу дожд наврна во Тетово – 45 литри на метар квадратен дожд.