Skip to main content
Свет

Стармер од Минхен: Европа мора да ја зајакне одбраната и да биде подготвена за борба

14/02/2026  21:45

Британскиот премиер Кир Стармер упати силна порака до европските сојузници дека континентот мора самостојно да ја зајакне својата одбранбена способност.

Говорејќи на Минхенска безбедносна конференција, Стармер истакна дека „тврдата моќ“ е валутата на денешното време и дека Европа треба да биде способна да ја одврати агресијата, а доколку е потребно и да биде подготвена за борба.

Тој ја повтори цврстата поддршка на Обединетото Кралство за Член 5 од НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите. „Нашата посветеност е подлабока од кога било и, доколку биде потребно, Велика Британија ќе одговори“, нагласи премиерот.

Стармер порача дека Европа мора да покаже поголема храброст, да ги надмине краткорочните политички калкулации и заеднички да изгради посилна Европа и поевропско НАТО.