Skip to main content
Македонија

Мицкоски оствари средба со Зеленски

14/02/2026  20:34

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба во Минхен со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Фокусот на нивниот разговор биле актуелните безбедносни предизвици во Европа, потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир.

,,Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа. Воедно, разговаравме и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир.” – истакна Мицкоски на фејсбук.