
Седумнаесетгодишно момче од Битола е приведено откако со автомобил „даеву тико“ удрило 42-годишен пешак на улицата „Козјак“ во Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека сообраќајната несреќа била пријавена на 13 февруари 2026 година во 18:35 часот во СВР Битола. Според првичните информации, патничкото возило со битолски регистарски таблички го управувал 17-годишник од Битола, кој удрил во пешакот Е.К. (42), исто така од Битола.
Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде од страна на лекарите му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. По дополнителните проверки било утврдено дека малолетникот управувал со возилото без да има стекнато право за управување со моторно возило. По насоки на јавен обвинител, тој е лишен од слобода, а автомобилот е одземен.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

