
Соопштение за јавност на Левица:
Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава за Цвета Ристовска, член на ДКСК, која вчера си поднесе оставка од комисијата.
„Се лаже госпожата дека овде завршува нашата и ваша борба за поправеден систем! Напротив, нашиот правен тим и спрема и кривична пријава за лажирање на податоците од Анкетниот лист за прикривање на фирмите на нејзините синови, вели Апасиев во објава на социјалните мрежи и додава дека тоа е стипулирано кривично дело според важечкиот Кривичен законик.
Апасиев, укажува и на фактот дека ако Левица не ги објавела серијата скандали поврзани со Ристовска, таа уште ќе била „антикорупционерка” и додава дека е штета што не ја дочекала интерпелацијата, која била спремна и пуштена во собранието.
„Левица стана снајперист за корумпираните! Сѐ повеќе свиркачи и инсајдери се осмелуваат да ни пријават корупција во нивните институции заробени од вмроидните расипани кадри, затоа што во нас препознаваат кредибилни и бескомпромисни фајтери за јавнотот добро”, вели Апасиев.
Тој додава дека Левица ќе продолжи со исто темпо и ги повикува и охрабрува граѓаните кои имаат докази против корумпирани функционери, да им ги достават во Собранието. „Ние гарантираме дискреција и јавно ветуваме дека истите ќе ги обзнаниме пред јавноста и ќе поведеме правни процеси против сите инволвирани, без оглед на партиската припадност”, завршува Апасиев.


