Skip to main content
Скопје

Започнува целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати” – еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир

13/02/2026  15:23

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес го најавија почетокот на целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати”, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во општината.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата, две регулирани сообраќајни ленти во двете насоки, стандардизирани тротоари за пешаци, велосипедски патеки од двете страни, организиран паркинг простор за околу 200 возила, како и нов систем на јавно осветлување.

Реализацијата на проектот се спроведува во соработка меѓу Општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт. Улицата „Ферид Мурати” има посебно значење за Чаир, бидејќи поврзува населби, го олеснува секојдневното движење и директно придонесува кон локалниот развој.

Општина Чаир останува посветена на проекти што ги подобруваат јавните простори и ја унапредуваат инфраструктурата, со цел подобар квалитет на живот за граѓаните.