Skip to main content
Култура

„Приказната за Силјан“ руши рекорди на гледаност 

13/02/2026  09:19

“Кино Балкан” продукција и дистрибуција почна да дистрибуира македонски филмови  и филмови од регионот..

Во изминатиов период “Кино Балкан” активно го дистрибуира филмот “Приказна за Силјан” на режисерката Тамара Котевска Филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и руши рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде е прикажан.

Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето на нови региони и културни центри, овозможувајќи филмот да допре до секој гледач, до секое ќоше од републиката, овозможувајќи оваа исклучителна приказна да ја доживее секој жител на земјава. Во иднина планирани се и организирани проекции за основни и средни училишта ширум државата, активно воведувајќи го филмското дело како дел од образовниот систем, пракса широко застапена во европските земји.