Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес ја стресе Албанија вечерва

12/02/2026  23:08

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран вечерва во 20:59 часот на територијата на Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на географска ширина 39,72 и географска должина 20,29, односно на околу 156 километри од Елбасан, во близина на албанско-грчката граница.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од околу 5 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.