
Седумдесет и двегодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако била прегазена преку нога од автобус во центарот на градот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 11 февруари 2026 година околу 12:40 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“. Според пријавата до СВР Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од 56-годишниот В.А. од Скопје, ја прегазил жената откако таа претходно паднала од автобусот.
Повредената А.Б. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


