Skip to main content
Хроника

Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

12/02/2026  14:43

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.